Владата на денешната седница донесе одлука за скратување на работното време на угостителските објекти до 21 часот, како и одлука за забрана на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 21 часот. Се препорачува граѓаните по 21 часот без поголема потреба да не се движат на јавен простор. По 21 часот угостителските објекти ќе работат само за продажба на храна преку шалтер или за достава.
„Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици , а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид“, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
Владата усвоила и препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.