Ако Џо Бајден биде избран за претседател на САД ќе ја поддржи интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, изјави поранешниот американски заменик помошник државен секретар Хојт Ји, кој сега е дел од Изборниот штаб на демократскиот претседателски кандидат.
„Цврсто верувам дека Бајден ќе се залага за интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Ова секако е одлука што мора да ја донесе Европската Унија и САД не можат да ја наметнат својата волја, но ние веруваме дека ги делиме истите цели со повеќето европски земји. Очекувам Бугарија и остатокот од ЕУ да најдат начин да ги надминат проблемите“, изјави Ји за „Гласот на Америка“.