Турските спасувачки екипи го извлекле бебето Ајла Гезгин од урнатините во Измир, 91 час откако регионот беше погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени. Пренесувањето на бебето во болница беше проследено со аплаузи на присутните. Потрагата по преживеани продолжува. Ајла е 107-ма спасена по земјотресот што го погоди Измир во петокот.
Земјотрес со јачина од 6,6 степени го стресе егејскиот регион во Турција, при што загинаа 102 лица, соопшти утрово Министерството за вонредни состојби.