Фејсбук и Твитер ќе ставаат етикети на неофицијални објави за изборите во САД

Илустрација

Компаниите Твитер и Фејсбук вчера ги објавија плановите за поставување етикети за предупредување на објавите од кандидатите на американските избори и нивните кампањи кои ќе тврдат дека победиле пред да бидат објавени официјалните резултати. Со ова социјалните мрежи се подготвуваат за необичен изборен циклус заради големиот број гласачки ливчиња заради, кои може да дојде до одложување на конечните резултати.

Овие социјални медиуми се под притисок да се борат против дезинформациите поврзани со изборите и да се подготват за можноста за насилство или заплашување на местата за гласање.

Твитер соопшти дека државните изборни службеници и националните новински куќи како Еј-Би-Си њуз, Асошиејтед Прес, Си-Ен-Ен и Фокс њуз, ќе ги смета како официјални извори за резултатите. Нивните официјални сметки на Твитер ќе бидат ослободени од етикетирање, соопшти компанијата.