Некои гувернери во САД ги ставија во готовност припадниците на Националната гарда, а трговците во повеќе градови почнаа да ги заштитуваат излозите на нивните продавници од какви било потенцијални немири на или по изборите на 3 ноември. Во центарот на Вашингтон пак, со иверица се покриени некои деловни и владини згради. Во Њујорк, многу продавници, ресторани и хотели се со забарикадирани влезови и излози. Слично е забележано во Денвер, Минеаполис и Лос Анџелес. Американските трговци се сериозно погодени од протестите за пандемија и расната неправда во текот на летото. Се очекуваат собири и демонстрации низ градовите низ целата земја без оглед на резултатот од изборите.
Претседателски избори во САД: Традиција, закани и можни исходи
Властите во Вашингтон ветија дека ќе одржат мир, а полициските службеници велат дека целиот оддел ќе биде на работа на денот на изборите. Улиците во центарот на Вашингтон ќе бидат затворени за сообраќај на 3 и 4 ноември. Гувернерите на Масачусетс, Илиноис, Орегон им наредија на припадниците на Националната гарда да бидат подготвени во случај на немири.
Трамп негира дека е „исплашен“ од претседателската трка
Ризикот за насилство е зголемен затоа што се смета дека пребројувањето на гласачките ливчиња ќе трае со денови или недели подолго од вообичаеното, поради тоа што многу граѓани гласале по пошта. Исто така, постои загриженост дека претседателот Доналд Трамп може да ја оспори валидноста на резултатите од трката против демократот Џо Бајден, предизвикувајќи правна битка што може да ги разгори веќе зголемените тензии.