Нови 565 заразени, 21 починати во последното деноноќие

илустрација

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 565 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-230, Куманово-35, Штип-13, Прилеп-65, Тетово-39, Струга-1, Велес-27, Битола-15, Охрид-3, Кавадарци-10, Гостивар-27, Гевгелија-13, Струмица-17, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-15, Пробиштип-3, Берово-5, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-6, Свети Николе-4, Кичево-3, Ресен-1, Неготино-9.

Може ли по телефон да се лекува корона?

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти. Починати се 21 лице. Освен еден пациент, кој не е починат во болница, сите други се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32.997, бројката на оздравени пациенти е 21.244, на починати е 1.025, а бројот на активни случаи изнесува 10.728.