Бројот на напади врз новинари тројно зголемен

илустрација

Во Северна Македонија бројот на напади против новинари во споредба со минатата година е тројно зголемен (од 4 на 14) и повеќе од половина биле против жени новинарки, соопшти ЗНМ. Од шесте здруженија на новинари од Западен Балкан порачуваат дека се додека не бидат решени и санкционирани сите убиства, физички напади и смртни закани кон новинарите, 2 ноември ќе биде потсетник за високите цени што ги плаќаат новинарите што работат во интерес на граѓаните.

ЗНМ - Главен проблем останува неказнивоста на случаите на напади врз новинари

Пораките од институциите се далеку од охрабрувачки: од 2014 година Мрежата на безбедни новинари забележала 774 инциденти: 43 во Црна Гора, 64 во Хрватска, 72 во Северна Македонија, 128 во Косово, 171 во Босна и Херцеговина и 296 во Србија. Многу од овие случаи сè уште остануваат нерешени. Истрагите за 14 напади врз 19 репортери и новинари од страна на полицијата и граѓаните за време на протестите во Србија, од кои 6 мораа да бидат хоспитализирани, полека одат напред. Еден случај е решен, а 9 случаи се под истрага на обвинителот.

Мрежата на безбедни новинари ги потсетува граѓаните од регионот дека новинарите се изложени на ризик да им ги доставуваат информациите од јавен интерес и ги повикува да застанат против тоа. Од таму апелираат државните институции, како јавните обвинители и полицијата, сериозно да ги сфатат нападите врз новинарите, да ги испитаат и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата.

„Одолжувањето, неподготвеноста и одбивањето да се поведат обвиненија по службена должност, во комбинација со вербални напади од високи функционери, негативни кампањи во медиумите и разни видови притисоци, резултираат во непријателско опкружување, што дополнително ги загрозува новинарите“, се вели во заедничкото соопштение на здруженијата на медиуми од регионот.