Измир - Нов биланс, спасено 3-годишно дете по 3 дена под урнатини

Фотографија од спасувањето на тригодишното девојче Елиф Перинчек во Измир

Најновиот биланс од земјотересот во турскиот град измир изнесува над 85 починати и над 960 повредени, соопштија турските власти, по петочниот земјотрес од 6,9 степени. Земјотресот, чиј епицентар бил во Егејското море на 16 километри длабочина, предизвика материјана штета и две жртви и на грчкиот остров Самос.

Властите соопштија дека до сега успешно им била укажана медицинска помош на над 700 луѓе во Измир, а утрово било спасено и тригодишното девојче, Елиф Перинчек, кое поминало 65 часа под урнатините.

Спасувачките екипи продолжуваат да трагаат во осум други згради, за да се ублажат последиците од, како што потенцираат турските медиуми, најсмртоносен во последните десет години. Досега, 106 лица се извлечени од урнатините, при што продолжуваат активностите за пребарување и спасување.

Повеќе од 3.500 шатори и 13.000 кревети им се на располагање на преживеаните како привремено засолниште.