Повеќе од било кога пандемијата со коронавирусот покажа дека регионот е врзан систем – инфраструктурата, економијата, еколошките системи, па дури и политичките системи, рече денеска македонскиот премиер Зоран Заев на видео-конференцијата Регионален форум за млади во организација на Европското движење во Србија.
На конференцијата учествуваа и лидерите на Србија и Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама.
На дебатата се разговараше и за заедничките заклучоци на Заев, Вучиќ и Рама од минатонеделаната трилатерална средба во рамките на обновената Иницијатива за регионална соработка.
Претседателот Вучиќ денеска на Форумот изјави дека ниту Евопјаните ниту Американците не можат да му помогнат на регионот ако нема меѓусебна соработка, а Рама додаде дека владите на земјите од регионот треба да понудат заеднички фондови за соработка меѓу младите во разни области.
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во последен момент го откажал учеството на форумот.