Романскиот премиер Лудовик Орбан изјави дека кинескиот технолошки гигант Хуавеи „не ги исполнува безбедносните услови“ за да биде дел од градењето 5Г мрежи во земјата. „Во однос на 5Г, Кина не може да биде наш партнер“, рече Орбан за РСЕ.Американскиот амбасадор во Романија, Адријан Цукерман повеќепати предупредуваше на безбедносните ризици што ги носи Хуавеи, додека САД ги притискаат своите сојузници да го блокираат Хуавеј, велејќи дека опремата на компанијата може да ја користи Кина за шпионски цели. Тврдењето е демантирано од Хуавеи и Пекинг.
И Македонија станува дел од „Чиста 5Г мрежа“
Претседателот на САД, Доналд Трамп и романскиот претседател Клаус Јоханис во август 2019 година потпишаа меморандум во Вашингтон во кој се наведува дека проверката на компанијата за изградба на 5Г мрежи мора да вклучува „дали е под контрола на друга држава“.