Азербејџан ќе оди докрај во конфликтот со Ерменија околу Ногорно Карабах

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев упати тешки предупредувања во врска со тековните борби над Нагорно Карабах за време на вчерашниот состанок во Баку со висока делегација од големиот сојузник Турција, предводена од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Алиев го повтори барањето на Баку, Ерменија да се повлече од Нагорно Карабах и околните области и ги охрабри азербејџанските трупи „да одат до крај“ доколку преговорите не можат да ја постигнат таа цел. Алиев, чија земја исто така има врски со Русија, рече дека Ереван нема „основа“ за барање за помош од Москва.

Во Женева почнаа разговори за примирје во Нагорно Карабах

До ова дојде во моментот кога Азербејџан и Ерменија меѓусебно се обвинија за започнување нови напади во скоро шест неделниот конфликт. Етничката ерменска страна објави повеќе од 1.200 смртни случаи на војници и цивили од почетокот на ескалацијата на 27 септември на и околу територијата на Нагорно-Карабах, кој е отцепен регион во Азербејџан, населен претежно со етнички Ерменци и поддржан од Ереван. Азербејџанската страна не известува за воени жртви, но соопшти дека се убиени 91 цивил, а околу 400 се повредени. Етничкото ерменско раководство на Нагорно Карабах ги обвини азербејџанските сили дека со ракетни напади бил нападнат градот Мартуни и другите области.