Грузија е на работ на политичка криза, бидејќи опозицијата повика на протести оспорувајќи ги резултатите од парламентарните избори во саботата, на кои владејачката партија однесе тесна победа. Според резултатите на изборната комисија, по пребројувањето на 92% од гласовите, владејачката партија „Грузиски сон“ на милијардерот Биѕина Иванишвили освои 48% од гласовите, додека опозициските партии 45,5% од гласовите. Меѓународните набљудувачи, вклучително и Организацијата за безбедност и соработка во Европа и Парламентарното собрание на НАТО, рекоа дека „основните слободи на изборите се почитувани“, но додаваат дека изборите се далеку од совршени, повикувајќи се на притисок врз гласачите.
САД предупредуваат на руско мешање на изборите во Грузија
Опозицискиот лидер Михаил Саакашвили, кој е во егзил во Украина рече дека резултатите се „фалсификувани“. Саакашвили, поранешниот претседател на Грузија, повика на протести. Грузија, со околу четири милиони жители, е редок пример за демократија меѓу поранешните советски републики, но таа редовно ја тресат антивладини протести, главно по некои избори.