Во последните 24 часа од направени 2449 тестирања, регистрирани се 865 нови случаи на Ковид-19, починале 10 лица, а оздравени се 359, информира Министерството за здравство. Во Скопје има најмногу новозаразени - 397.
Од починати те 10 лица, четворица пациенти се од Скопје (67, 58, 64 и 76г), двајца од Прилеп (70 и 73г), еден пациент од Битола (52г), еден од Охрид (77г), еден од Кочани (48г) и еден пациент од Пробиштип (76г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 32436, бројката на оздравени пациенти е 21090, на починати е 1004, а на активни случаи-10342.
Заев: Носете маска за да и се спротивставиме на пандемијата
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 123 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 4 суспектни деца на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 5 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 59, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 336 позитивни и сомнителни на Ковид-19.