Премиерот Зоран Заев денеска на Фејсбук порача дека носењето заштитна маска засега е наједонставниот и најсигурен начин за спротивставување против пандемијата.
„Носењето заштитна маска засега е наједноставниот и најсигурен начин да ѝ се спротивставиме на пандемијата" напиша Заев дополнувајќи:
"Јас носам маска затоа што се грижам за моите блиски, затоа што ги почитувам здравствените работници и бидејќи јавното здравје зависи и од однесувањето на поединецот. Секој од нас треба да биде одговорен. Ве повикувам сите редовно да носите маска и на тој начин заедно да ја добиеме борбата со Ковид-19"
Од Министерството за здравство, пак, денеска соопштија дека заедно со Владата започнуваат кампања за носење маски со цел поддршка на мерките на Комисијата за заразни болести за заштита од корона вирусот.
Кампањата, е со слоганот "НосамМаска"
"Носењето на заштитни маски на отворен и во затворен простор е општо прифатена мерка во цела Европа", се наведува во соопштението на Министерството за здравство.
Корона плус сезонски грип - следните недели нема да биде полесно
Новите мерки кои ги донесоа властите со донесувањето на законските измени во последните денови од октомври подразбираат задолжително носење маска на отоврено.
За неносење маска спред новите законски обврски казната изнесува 20 евра.
Носењето маска на отворено не е задолжително при спортување на отворен простор, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истото семејство, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита.
Mаска на отворено не се носи и ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место, ако лицето е помладо од 6 години или има специфична здравствена состојба.