Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на Фејвук напиша дека премиерот Зоран Заев дека ги задолжил граѓаните 2 милијарди евра. Тој ги праша граѓаните дали се сеќаваат барем на еден проект за подобар живот на сите.
„ Почитувани граѓани, Владата на Заев сите нас нѐ задолжи 2 милијарди евра, можете ли да се сетите барем на еден видлив проект со кој животот станал подобар?“ напиша Мицкоски на Фејсбук.
Ковидот повторно го прекројува буџетот
Министерот за економија Крешник Бектеши, пак ,денеска најави дека по еден ден откако ќе биде усвоен ребалансот на Буџетот, Министерството за економија ќе почне со реализација на мерките за финансиска поддршка од четвртиот сет на мерки донесени од Владата.
Министерот рече дека финансиската поддршка која што ја предвидува Владата во четвртиот сет навреме ќе стигне, особено за најпогодените сектори како што се туризмот, хотелиерството, угостителите, занаетчиите.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи деновиве рече дека 70 отсто од досега зајмените пари за справување со последиците од корона кризата се искористени за подобрување на ликвидноста на буџетот и да се овозможи непречено функционирање на институциите, а од парите што останале се планира да се вложат во четвртиот сет економски мерки.