Захариева: Ако ги препознаат корените на нивната нација и јазик, ова ќе заврши

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева

Бугарија не го оспорува правото на Република Северна Македонија на самоопределување, ниту нивното право да го нарекуваат својот јазик како што сакаат. Ние сме подготвени да ја потврдиме сегашната реалност, но тие треба да ја признаат историската вистина, вели бугарската вицепремирка и шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева, во интервју за Ројтерс.

„Нашата загриженост е поврзана со постојаните тврдења на Северна македонија кон македонско малцинство во нашата земја. Ако тие ги препознаат корените на нивната нација и јазик, ова ќе заврши“, вели Захариева.

Оваа нејзина изјава доаѓа пред најавената одлука на Европската унија за преговарачката рамка со Северна Македонија, и по најновите барања на Бугарија до Македонија во врска со македонскиот јазик и нација, поради што источниот сосед се заканува и со вето за првата меѓувладина седница на Скопје и Брисел.

Захариева во интервјуто потсетува дека Бугарија го фокусираше својот прв период од ротирачкото претседателство со ЕУ во 2018 година на забрзаниот пристап на земјите од Западен Балкан во 27-члениот блок. Но, тоа може да стави вето на официјалниот почеток на пристапните разговори со Северна Македонија следниот месец, ако двете страни не можат да го решат прашањето.

Вчера шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи рече дека се ближат деновите кога треба Советот на ЕУ да донесе одлука и дека тој бара начин за средба со неговата бугарска колешка Захариева за да се најде начин за договор.