Боки 13 оди во домашен притвор, одлучи Апелацискиот суд

Архивска фотографија - Бојан Јовановски - Боки 13 на едно од рочиштата за предметот „Меѓународен сојуз“

Скопскиот Апелациски суд ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 за предметот „Рекет“, му ја укина мерката притвор и му определи мерка куќен притвор.

„Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б.Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет“, изјавена преку неговиот бранител, се уважува. Решението на првостепениот суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор према обвинетиот Б.Ј. и се определува мерка куќен притвор“ соопшти денеска Кривичниот суд.

Јовановски извесен период има здравствени проблеми и често од притворското одделение во скопскиот затвор Шутка беше беше хоспитализиран во скопските болници, поради што беа одложени и неколку судски рочишта за случаите во кои тој е обвинет.