Се ближи времето, барам начин за средба со Захариева, вели Османи

Фотографија од средбата на Бујар Османи и Екатерина захариева во Софија на 9 октомври 2020.

Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, бидејќи навистина се ближат деновите кога треба Советот на ЕУ да донесе одлука, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има средба со неговата бугарска колешка.

Веројатно ќе има средба уште идната недела, но, посочи тој, се уште е рано да се каже за форматот и местото.

„Се обидуваме да најдеме начин да се видиме. Сигурно, да не беше пандемијата досега ќе се гледавме неколку пати, иако ние сме во постојана комуникација со министерката. Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме, бидејќи навистина се ближат деновите кога треба Советот да донесе одлука“, изјави Османи.