Трилатерална средба Заев - Вучиќ - Рама

Архивска фотографија - Еди Рама, Александар Вучиќ и Зоран Заев во Нови Сад, Србија, 10 октомври 2019 година

Премиерот Зоран Заев денеска во 15 часот ќе има средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и со премиерот на албанската Влада, Еди Рама, соопшти владината прес-служба.

Трилатералната средба, како што соопштија од Владата, е дел од Иницијативата за напредна регионална соработка.

Поради ситуацијата со Ковид-19 пандемијата, средбата на тројцата лидери ќе се одржи онлајн.