Лидерите на ЕУ повикуваат на дијалог меѓу заедниците и религиите

Црквата Нотр Дам, Ница

Лидерите на 27-те земји-членки на Европската унија остро го осудија нападот со нож во Ница и ја изразија својата „солидарност“ со Франција, повикувајќи на „дијалог меѓу заедниците и религиите“. „Ние исто така ги повикуваме лидерите ширум светот да работат за дијалог и разбирање меѓу заедниците и религиите, а не за поделби“, се вели во соопштението објавено од претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Изјавата беше издадена на почетокот на видео самитот на ЕУ посветен на подемот на пандемијата на ковид-19. Тие рекоа дека се „шокирани и тажни од терористичките напади во Франција“.

Напаѓачот во Ница, 21-годишен туниски мигрант

Во нивната кратка изјава не се споменува слободата на изразување или карикатурата на пророкот Мухамед неодамна објавена од францускиот неделник Шарли Ебдо, што предизвика големи расправии меѓу муслиманските земји и гневот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Ние сме обединети и цврсти во солидарноста со Франција, францускиот народ и владата, во нашата заедничка и трајна борба против тероризмот и насилниот екстремизам“, се вели во соопштението.