Азербејџан ги предава телата на убиените ерменски војници

Нагорно Карабах.

Азербејџан денеска и ги предаде на Ерменија телата на 29 војници загинати во борбите во Нагорно Карабах. Примопредавањето беше потврдено од двете страни, со оглед дека Ереван и Баку продолжија да се обвинуваат едни со други за распадот на примирјето постигнато со посредство на САД.

Денеска средба за нов обид за примирје во Нагорно Карабах

Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степанијан рече дека трансферот се случи преку „исклучителните напори за медијација на Руската Федерација и со учество на теренскиот тим на личен претставник на Претседавачот на ОБСЕ и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК)“. Степанијан рече дека Ерменија „уште еднаш ја потврдува својата подготвеност да и ги предаде на азербејџанската страна телата на азербејџанските војници на територијата на Арачах ( името на Ерменија за Нагорно-Карабах) “.

Хикмет Хаџиев, соработник на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, им порача на странските новинари дека примопредавањето е иницирано од Баку, со помош на Русија.

Соединетите држави, Франција и Русија се копретседавачи на групата Минск, која е главниот медијатор во конфликтот.