Финансиската полиција со кривична пријава за Лидија Димова

директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова и против сопственикот на Друштвото за трговија и услуги В.Е.З. Трејд, Зоран Златковски.

До ова доаѓа откако во јавноста се објавија извештаи за тоа како се делеле пари за образовни проекти преку агенцијата, по што истрага за евентуална злоупотреба на средствата спровед Финансиската полиција, која наодите треба ги достави до Јавното обвинителство.

Не е само Еразмус, истраги и за други малверзации со европските пари

Кривичната пријава е поднесена и против А.Г., надворешен советник и против А.П, благајник во Агенцијата за европски образовни програми и мобилност.

Осомничени се дека причиниле штета во вкупен износ од 25.334.543,00 денари.

Се товарат за кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „измама на штета на средства на европската заедница“, „соизвршителство“ и „несовесно работење“.

Од финансиската полиција информираат дека пријавените Л. Д. како директорка на НАЕОПМ, З. З како управител и сопственик на Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛСкопје, А. Г. како надворешен соработник и А. П. како благајник на НАЕОПМ причиниле штета од големи размери на доверените средства на Европската заедница во вкупен износ од 25.334.543,00 денари.

Премиерот го поддржа разрешувањето на Димова

Деновиве премиерот Зоран Заев изјави дека има доволно аргументи за директорката на Националната агенција за европски образовни програми Димова да биде разрешена од етички причини. Димова пак на прес-конференција ги отфрли сомнежите и порача дека нема да се повлече од позицијата додека не се истражи проневера на 2,2 милиони евра од претходното раководство на Националната агенција. И од Брисел соопштија дека Европската Комисија ќе ја проверува можната злоупотреба на европските фондови.