Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 879 прекршоци, соопшти Министерството за внатрепни работи (МВР).
МВР и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19. Од денеска во сила е и задолжителното носење заштитни маски за лице и на отворено.