Шефовите на држави или влади на ЕУ на денешниот видео состанок треба да разговараат за пандемијата на коронавирусот, бидејќи тие се согласија редовно да разговараат за тоа на претходниот самит што се одржа на 15 и 16 октомври. Претходно, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел повика на воведување брзи тестови за коронавирус во Европската унија и координација на активностите поврзани со идната вакцина.
ЕУ без состаноци со физичко присуство поради коронавирусот
„Сега ни треба одлучна акција, пред се на европско ниво, заснована врз два столба: тестирање и следење и вакцини“, рече Мишел кој се заложи за координирање на одобрување на брзи тестови со цел „да се гарантира нивното признавање на европско ниво и да се направат достапни за секого“.