Рејндерс: Продолжете со реформите во судството

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, ја имал првата официјална средба со врокомесарот за правда Дидие Рејндерс

Министерот за правда Бојан Маричиќ и еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, вчера преку видео-конференциска врска ја имале првата официјална средба на која разговарале за реформите во судството и владеењето на правото во Северна Македонија.

Министерот Маричиќ рекол дека покрај сите премрежија, очекува првата Меѓувладина конференција за официјален почеток на преговорите со ЕУ да се одржи до крајот на 2020 година, а дека тој процес значително ќе влијае на развојот на Северна Македонија и темпото на реформите во сите области.

По виртуелната средба, ерокомесарот Рејндерс, во пишана изјава за МИА порача дека Северна Македонија треба да продолжи со реформите во судството, посебно во делот на фундаменталните права, јави МИА од Брисел.

Според него, земјата покажала засилени напори во реформите за владеење на правото и нагласи дека за ефикасна правна држава е од суштинско значење судството да биде независно, а судските одлуки да се имплементираат.