Претседателот на ЕС Мишел бара брзи тестови за коронавирус

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел повика на воведување брзи тестови за коронавирус во Европската унија и координација на активностите поврзани со идната вакцина. „Сега ни треба одлучна акција, пред се на европско ниво, заснована врз два столба: тестирање и следење и вакцини“, рече Мишел два дена пред самитот на ЕУ за пандемијата. Мишел се залага за координирање на одобрување на брзи (антигени) тестови со цел „да се гарантира нивното признавање на европско ниво и да се направат достапни за секого“.


Европа со рестриктивни мерки, Австралија ги укинува ограничувањата

Претседателот на Европскиот совет, исто така, повика на усогласување на апликациите за пребарување и предупредување на лица кои биле во контакт со заразено лице, како и за координација на заедничките правила за изолација и карантин. Што се однесува до вакцините, Мишел сака да воспостави критериуми за дистрибуција во европските земји и да се дефинирааѕ „приоритетни групи“ во кои би биле вклучени најранливите - стари лица, хронично болни и здравствени работници. Шефовите на држави или влади на ЕУ треба да разговараат за пандемијата на коронарните вируси на видео самит во четврток, 29 октомври, бидејќи тие се согласија редовно да разговараат за тоа на претходниот самит, на 15 и 16 октомври.