Убиени најмалку девет ученици во религиско училиште во Пакистан

Жртви од експлозијата во религиското училиште во Пакистан.

Најмалку девет студенти дебеска беа убиени и повеќе од 110 повредени во бомбашки напад во верско училиште во северозападен Пакистан, велат локалните власти и очевидци.

Студентите биле на настава кога експлозијата го пробила верското училиште во Пешавар, околу 170 километри западно од Исламабад, изјави Вакар Азим – висок полициски службеник.

„Некој зеде торба внатре во богословијата“, рече Азим доддавајќи дека лицето кое ја донело торбата ја напуштило салата за предавања пред експлозијата.

Шефот на полицијата во Пешавар Мухамад Али Гандапур рече дека бомбата содржела повеќе од шест килограми експлозив.

Д-р Мухамед Асим Кан, портпарол на болницата „Лејди Ридинг“ во Пешавар, рече дека во досега во болницата биле донесени седум мртви тела и 70 повредени.

Повеќето од загинатите и повредените биле погодени од лагери, а некои имале тешки изгореници“, рече тој.

Сите загинати биле на возраст од 20 до 40 години. Меѓу ранетите имало наставници и момчиња на возраст од седум години.

Ниту една група досега не презеде одговрност за нападот.