Од стартот на учебната година до денес за 18 проценти се зголеми бројот на ученици кои следат онлајн настава, соопшти денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска.
Според неа, наставниците ги стекнаа потребните вештини, а учениците навиките и онлајн наставата се одвива солидно. За еден месец постигувањата се добри, до 20 ноември ќе треба да се формираат и првите оценки.
„Упатствата за формирање оценки за првото тримесечие се веќе испратени до наставниците и директорите, што беше и јавно објавено. Онаму каде што ќе има предизвик во формирањето на оценката за онлајн и следење настава на далечина, ученикот ќе може да се повика на индивидуална средба за поквалитетно потврдување на нивото на неговото знаење“, потсети министерката.