Собранието на денешната седница ги констатираше оставки на четворица пратеници - Игор Дурловски, Бајрам Реџепи од ДУИ и на Мухамед Зеќири и Сања Лукаревска од СДСМ.
Ниту еден од пратениците не ја образложи својата оставката пред колегите пратеници.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја повика Државната изборна комисија да го извести Парламентот за кандидатите за пратеници кои се следни на листите од кои беа избрани Дурловски, Бајрами, Зеќири и Лукаревска за на новите пратеници да им се верифицира мандатот.