Работници, студенти, пензионери излегоа денеска на улиците во Минск, за да дадат поддршка на повиците на опозицијата за генерален штрајк со кој ќе му извршат притисок на Александар Лукашенко да отстапи во функцијата.
Лукашенко не го прифати дадениот ултиматум да ја предаде власта до полноќ на 25 октомври. Со тоа ги предизвика своите противници да ги исполнат предупредувањата за штрајк.
Лукашенко на повиците да си даде оставка, возврати на тој начин што распореди сили за безбедност пред демонстрантите. Вчера полицијата за спречување нереди користела шок бомби и гумени куршуми за да ги растера илјадниците демонстранти. Денеска пак се преведени непознат број на демонстранти.
Три месеци во земјата има протести по спорната победа на Лукашенко на изворите во август. Опозицијата не ги признава изборните резултати.