Лавров - Москва ќе продолжи да соработува со Анкара

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Русија ќе продолжи да соработува со Турција за решавање на меѓународните прашања, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред новинарите во Атина. Лавров се сретна со неговиот грчки колега, Никос Дендиас.

Рускиот министер за надворешни работи вели дека иако Русија и Турција имаат различен приод кон многу прашања, сепак наоѓаат заеднички јазик.

„Имаме добри односи со Турција, но не без проблеми. Но, успеваме да ги обединиме нашите напори за добри резултати и да си помогнеме едни на други да се придвижиме кон создавање на услови неопходни за нормализирање на критичните ситуации. Ќе ја продолжиме соработката со Турција“, рече Лавров.

Зборувајќи за тековниот судир меѓу Анкара и Атина околу спорниот дел на источен Медитеран, Лавров рече дека ова прашање треба да се реши преку дипломатија.


Неодамнешните тензии меѓу Грција и Турција произлегуваат од одлуката на Анкара да испрати истражувачки брод во спорните води, што повторно предизвика тензии меѓу двете земји-членки на НАТО во врска со морските граници и правата за дупчење во морето.