Зоран Милески Кичеец од денеска во затвор за случајот „Рекет“

Архивска фотографија - Зоран Милески Кичеец пред суд за случајот „Рекет“

Зоран Милески Кически, од денеска е во Казнено поправниот дом во Струга на отслужување на правосилната затворска казна од три години на која е осуден во случајот „Рекет“.

Директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ во изјава за МИА потврди дека Зоран Милески е примен во струшкиот затвор пред околу час и половина и оти сам се пријавил во извршување на затворската казна.

Милески е осуден на три години затвор, откако во декември минатата година го призна делото за случајот „Рекет“ – примање награда за противзаконито влијание.