Од отворањето на градинките на 9 септември досега ковид-19 позитивни се вкупно 26 деца и 83 вработени во градинките, што претставува збирна бројка, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.
„Минатата недела од 17 до 25 октомври има нови позитивни 9 деца и 40 вработени во градинките. Во моментов 482 дечиња и околу 77 возрасни вработени се во изолација. Нивната здравствена состојба е добра, а изминатиов период имавме само една хоспитализација на дете и еден воспитувач“, рече Шахпаска.
Во врска со капацитетите на градинките, истите не се исполнети бидејќи согласно протоколите, има 20.718 места, а од таа бројка 10.700 деца посетуваат градинка. Шахпаска уште еднаш потенцираше дека родителите ги запишале децата, но не ги носат во градинка.