Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, денеска изјави дека меѓу Северна Македонија и Бугарија постојат разлики во очекувањата од Договорот за добрососедство и дека за таа цел се формирани работни групи за да се надминат овие разлики. Вели дека е оптимист дека Северна Македонија ќе почне преговори за членство во Европската унија, свесни за влогот, за тежината и последиците од неуспех на процесот.
„При мојата посета на Софија разговаравме за сите прашања, за разликите во очекувањата од договорот. Констатиравме дека од договорот има разлики во нашите очекувања. Се договоривме да формираме работни групи од двете министерства за надворешни работи кои на дневна основа ќе разговараат во однос на различните интерпретации на одредени решенија“, рече Османи, на заедничката прес-конференцијата со резидентниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџиак.
- Заев: Нема потреба од нов договор со Бугарија
- ВМРО ДПМНЕ: Заев да го каже својот став за Гоце Делчев
Шефот на македонската дипломатија вели дека од тогаш тие работни групи комуницираат на дневна основа и разговараат за дилемите. Тој дополни дека договорено било и да се подобрат логистичките околности за билатералните комисии за историски и образовни прашања да дојдат до решенија.