Седница на Комунистичката партија на Кина за новиот петгодишен план

портрети на кинескиот претседател Си Џинпинг

Од денеска до 29 октомври во Пекинг се одржува Петтата пленарна седница на 19. Централен комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК). На овие седници претседава кинескиот претседател Си Џинпинг, кој исто така е генерален секретар на Централниот комитет на КПК и претседател на Централната воена комисија.


Кинескиот „нов пат на свилата“ поплочен со јаглен на Западниот Балкан

Најавено е дека ќе бидат разгледани предлозите за формулирање на 14-тиот петгодишен план (2021-2025) за економски и социјален развој и идните цели за 2035 година. Иако соочена со сложената меѓународна ситуација, особено со силното влијание на ковид-19, Кина постигна извонреден напредок во научните и технолошките области, оцени официјален Пекинг.