Хуманитарно примирје во Нагорно Карабах

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, се состана со азербејџанскиот министер за надворешни работи, Чејхун Бајрамов, за да разговара за конфликтот во Нагорно Карабах, во Стејт департментот во Вашингтон, 23 октомври 2020 година

Хуманитарен прекин на огнот стапи на сила во борбите меѓу Ерменија и Азербејџан околу отцепениот регион Нагорно Карабах. Иако борбите продолжија на 25 октомври, во заедничката изјава на американскиот Стејт департмент и двете влади се вели дека двете страни се залагаат за прекин на огнот - трет обид да се воспостави пауза во непријателствата по четири недели борби.


Путин верува дека во Нагорно Карабах досега загинале скоро 5.000 луѓе

До ова дојде откако државниот секретар на САД, Мајк Помпео, на 23 октомври се состана со министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан во Вашингтон во нов притисок за мир, и по состанокот на копретседателите на групата од Минск на Организацијата за безбедност и Соработка во Европа (ОБСЕ), формирана за посредување на конфликтот, предводена од Франција, Русија и Соединетите држави. Претседателот на САД, Доналд Трамп, коментирајќи го договорот на Твитер напиша дека прекинот на огнот ќе спаси многу животи.