Денеска во Белорусија треба да започне генерален штрајк, откако полициските сили лојални на Александар Лукашенко испукаа шок бомби и приведоа голем број луѓе за време на протестите на кои се бара негова. Опозициската лидерка Свјатлана Циханускаја повика на штрајк по задушувањето на вчерашните протестите во Минск и другите градови. „Режимот уште еднаш им покажа на Белорусите дека силата е единственото нешто за што е способен“, напиша таа во изјавата. „Затоа на 26 октомври, ќе започне национален штрајк“.
Циханускаја ги повика Белорусите да блокираат патишта, да ги затвораат работните места, да престанат да користат владини продавници и услуги и да ги повлечат сите пари од нивните банкарски сметки. Повеќе од 100.000 луѓе протестираа против Александар Лукашенко и покрај масовното присуство на полицијата и војската. Митинзите што се одржаа 11-та недела по ред се случија и покрај предупредувањето од Министерството за внатрешни работи дека луѓето не треба да присуствуваат на демонстрациите за кои не е издадена дозвола. Најмалку едно лице е рането како резултат на употреба на шок бомби, јави белоруската служба на РСЕ.