22 лица починаа, регистрирани се 561 новозаразени

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на заразени од ковид 19. Починати се 22 лица, а оздравени се 197 пациенти.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања. Од регистрираните нови случаи на инфициарни од ковид-19 во Скопје има најмногу -271.

Меѓу починатите лица 7 пациенти се од Скопје (55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64г), еден од Куманово (57г), двајца пациенти од Дебар (58 и 64г), еден од Прилеп (61г), еден од Струга (75г), двајца пациенти од Велес (61 и 64г ), двајца од Битола (74 и 70г), двајца од Гостивар (79 и 76г), двајца пациенти од Крива Паланка (56 и 88г), еден од Кочани (60г) и еден пациент од Делчево (81г). Од починатите, двајца пациенти се починати вон, а останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26954, бројката на оздравени пациенти е 18627, на починати е 919, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7408 од кои во Скопје активни се 3562 лица.

Зголемениот број лица со симптоми го зголемува и времето на чекање за тестирање

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 137 пациенти. На кислородна поддршка се 97 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 1 мајка суспектни на ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 57, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани се 281 позитивни и сомнителни на Ковид-19.