СЗО: Трет ден по ред со рекорден број на новозаразени

Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебреизус


Податоците за коронавирус на Светската здравствена организација денеска покажаа трето последователно дневно рекордно високо ниво по бројот на нови потврдени случаи.

Комплетните податоци на СЗО вчера покажаа дека 465.319 случаи биле потврдени во здравствената агенција на ООН во текот на денот, надминувајќи ги 449.720 запишани во петокот и 437.247 регистрирани во четвртокот.

СЗО предупреди дека некои земји се наоѓаат на „опасна патека“, со експоненцијално зголемување на случаите.

Во рамките на секоја недела, моделот на пријавување на случаи во СЗО има тенденција да скокне кон петок, сабота и недела и да се спушта околу вторник и среда.

Според податоците на СЗО, има повеќе од 42,3 милиони потврдени случаи на респираторна болест, додека речиси 1,15 милиони луѓе ги загубија своите животи, од кои 6,570 во саботата.

Речиси половина од новите случаи во саботата беа регистрирани во регионот на СЗО во Европа, што е еднодневно рекордно високо ниво со 221.898 случаи.

Шпанија воведе вонредна состојба

Вкупно, повеќе од девет милиони случаи сега се регистрирани во регионот.

„Се наоѓаме во критична точка од оваа пандемија, особено во северната хемисфера“, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебреизус на прес-конференција во петокот.

„Следните неколку месеци ќе бидат многу тешки и некои земји се на опасна патека, укажа тој.

„Премногу земји имаат експонцијално зголемување на случаите и тоа води кон тоа болниците да бидат близу до пречекорување на капацитетот - иако сèга сме во октомври.

СЗО ги повика лидерите „да преземат итни мерки, за да спречат понатамошни смртни случаи, за да не пропаднат основните здравствени услуги.