Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го повтори својот повик до неговиот француски колега Емануел Макрон да си го провери менталното здравје, еден ден откако неговите коментари го натераа Париз да го отповика својот амбасадор од Анкара.
Турскиот лидер го обвини Макрон дека е „опседнат со Ердоган дење и ноќе“, во телевизиски говор во источниот анадолски град Малатија.
„Макрон е случај и затоа тој навистина треба да направи проверка за менталното здравје“, рече тој.
Односите меѓу Макрон и Ердоган се повеќе се затегнуваат за низа прашања.
Тие вклучуваат француска поддршка за Грција во нејзиниот спор со Турција за поморските права на истокот на Средоземното море и француски критики за вмешаноста на Турција во Либија, Сирија и конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан околу Нагорно Карабах.
Политиката на Макрон да ја брани својата земја од радикалниот ислам ја налути Турција, која е претежно муслиманска, иако официјално е секуларна земја.
Дебатата за политиката на Франција кон муслиманите доби нов поттик со убиството овој месец во Франција на учител кој на својот клас му покажа карикатура со пророкот Мухамед.
Франција и Германија и порачуваат на Турција да не провоцира