Меѓународен договор за забрана на нуклеарно оружје треба да стапи на сила на крајот на јануари, откако 50-та земја го ратификуваше договорот.
Ова го потврди портпаролот на генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, изјавувајќи дека договорот за забрана на нуклеарно оружје ќе стапи на сила на 22 јануари.
Хондурас го ратификуваше договорот на 24 октомври, што значи дека договорот може да стапи на сила за 90 дена, се вели во соопштението на Меѓународната коалиција за укинување на нуклеарното оружје (ИКАН).
Питер Маурер, претседател на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, рече дека тоа е „победа за човештвото“.
Нобеловата награда за мир за Антинуклеарната кампања
Беатрис Фин, извршната директорка на Меѓународната коалиција за укинување на нуклеарното оружје, добитничка на Нобелова награда за мир во 2017 година, чијашто работа беше предводник на договорот за забрана на нуклеарно оружје, рече: „Поминаа 75 години од ужасните напади врз Хирошима и Нагасаки. 50-те земји кои го ратификуваа овој Договор покажуваат вистинско лидерство во поставувањето на нова меѓународна норма дека нуклеарното оружје не е само неморално, туку и незаконско“, кажа таа.
Договорот за забрана на нуклеарно оружје - кој оневозможува употреба, развој, производство, тестирање, стационирање, складирање и закана за употреба од такво оружје - беше усвоен од Генералното собрание на ООН во јули 2017 година со одобрение од 122 земји. Нуклеарно вооружените држави, вклучително и САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија, не го потпишаа договорот.