Претседателот Доналд Трамп вчера изутрината гласаше во Флорида, пред да ја започне својата кампања во три држави, во обид да го подобри резултатот во однос на неговиот демократски против кандидат Џо Бајден.
На само 10 дена пред изборите, Трамп беше еден од скоро 55 милиони Американци кои веќе гласаа лично или по пошта заради пандемијата на коронавирусите.
Експертите до 3 ти ноември предвидуваат историска излезност на околу 150 милиони гласачи , што претставува 65 проценти од избирачите со право на глас.
Во Њујорк, гласачите вчера стоеја во ред со часови за да гласаат на некои места на првиот ден на предвременото гласање, отсликувајќи ја атмосферата во други држави во последниве денови, каде гласањето веќе започна.
Демократите се надеваат дека големиот одзив на гласачите и широко распространетото гласање по пошта ќе им донесе победа во Белата куќа. Републиканците се обложуваат дека нивните приврзаници ќе излезат во голем број на Денот на изборите, со што резултатот ќе биде во нивна корист.
Трамп и Бајден, борбени на последната ТВ дебата
Пандемијата зазеде централно место во кампањата, а Трамп и Бајден понудија спртивни визии за вирусот и иднината на земјата. Трамп продолжува да го брани своето справување со пандемијата и тврди дека земјата е на прагот да го надмине вирусот, кој на 23 октомври зарази рекордни 83 000 луѓе низ САД.