Нови 404 заразени со ковид - 19 и 14 починати

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 од кои најмногу во Скопје- 172.

Починати се 14 лица, пациенти од Прилеп (77г), Куманово (76 и 66г), Крива Паланка (65г), Скопје (80г), Гевгелија (51г), Кочани (83г), Струга (66г), Битола (68г), Ресен (52 и 83г), Виница (67г), Берово (67г), Тетово (59г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрира 182 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26394, бројката на оздравени пациенти е 18430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067.

Зголемениот број лица со симптоми го зголемува и времето на чекање за тестирање

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 134 пациенти. На кислородна поддршка се 92 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.