Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам изутрината почина на 64-годишна возраст.
Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Поранешниот пратеник и долгогодишен политичар Бајрам имаше проблеми со срцето, а како што јавуваат медиумите, посмртно ќе му биде направен и тест за Ковид.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека лидерот на Сојузот на Роми, Бајрам, имал комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести.
На новинарското прашање дали смртта има некаква поврзаност со свадбата на внуката на Бајрам што се одржа во Турција, Филипче одговори дека сѐ уште нема подетални информации за тоа.
Неодамна, тој направи свадба за внуката во Турција.