Кривична пријава за свадба во Арачиново

Илустрација

Поднесена е кривична пријава за лица кои правеле свадба во Арачиново, соопшти Министерството за внатрешни работни. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека синоќа полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, во угостителски објект во с. Арачиново. Во објектот се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 200 луѓе.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата во врска со ковид-19, образложија од МВР.

Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжуваат со засилените контроли во објекти во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус.