Во српскиот парламент стигнат е Предлог-закон за министерства, кој предвидува Владата на Србија да добие уште три нови ресори – Министерство за човекови и малцински права и социјален дијалог, Министерство за семејна грижа и демографија, како и Министерството за грижа на селата.
Собранието за нацрт-законот ќе расправа по итна постапка во сабота, на 24 октомври, за да може да се избере новата Влада, што е најавено за среда, на 28 октомври 2020 година.
Составот на новата Влада на Србија, треба да биде познат во недела на 25 октомври.
Манадатар за составот на новата влада е досегашната премиерка Ана Брнабиќ, а вчера, досегашнито шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ беше изгласан за претседател на највисокиот законодавен дом на Србија.