Путин верува дека во Нагорно Карабах досега загинале скоро 5.000 луѓе

Етничките ерменски војници на борбена позиција на фронтот, за време на воениот конфликт против азербејџанските вооружени сили во сепаратистичкиот регион Нагорно Карабах, 21 октомври 2020 година

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот изјави дека Москва верува оти скоро 5.000 луѓе биле убиени во борбите меѓу Азербејџан и етничките ерменски сили околу регионот Нагорно Карабах. „Има многу жртви од обете страни, повеќе од 2.000 од секоја страна“, рече Путин на состанокот на клубот за дискусии „Валдаи“.


Лидерите ги минираат обидите за крај на конфликтот во Нагорно-Карабах


Нагорно Карабах соопшти дека од 27 септември биле убиени 874 нејзини воени лица, покрај 37 цивили. Азербејџан пак соопшти дека над 60 азербејџански цивили се убиени 291 ранети, но не ги открива своите воени жртви. Путин исто така рече дека Соединетите држави ќе и помогнат на Русија да се постигне решение за конфликтот.