Лидерот на белоруската опозиција, Свјатлана Циханускаја изјави дека опозицијата нема да се откаже од барањето за заминување на Александар Лукашенко од власта, дури и во случај на неуспех на нејзиниот повик за генерален штрајк. „Верувам дека волјата на белорускиот народ не може да се промени. Дури и да не успееме или да не ги постигнеме ефектите што ги посакуваме, луѓето ќе бараат други начини на борба и други начини на протест. Ние не се предаваме“, рече таа во интервју за АФП.
Белоруските власти го прогласија опозицискиот канал Телеграм за екстремистички
На 13 октомври Циханускаја упати ултиматум до Лукашенко, на кој му даде рок до 25 октомври да се повлече од власта, а доколку не се повлече, таа ќе повика на уште поголеми протести и генерален штрајк. „Ако барањата не бидат исполнети до 25 октомври, целата земја ќе излезе на улица мирно. И на 26 октомври, ќе има национален штрајк на сите компании, сите патишта ќе бидат блокирани, а продажбата во државните продавници ќе запре“, рече таа. Опозицијата во Белорусија бара заминување на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, по претседателските избори одржани на 9 август.