Еврокомесарот за соседна политика и проширување денеска оствари онлајн средба со македонскиот премиер Зоран Заев.
Вархеји истакнал дека очекува во претстојниот период да завршат сите подготовки и усогласувања за одржување на првата меѓувладина конференција на која ќе биде означен почетокот на пеговорите со Европската унија.
На средбата било наведено дека Северна Македонија е задоволна од предолгот на Европската комисија (ЕК) за Рамката за преговорите која треба да ја усвои Европскиот совет во ноември и дека земјата е уверена дека клучните важни елементи поврзани со идентитетските прашања ќе бидат во согласност со европските вредности, соопшти владината прес-служба.
Инаку, ЕУ неодамна воведе нова методологија за преговарање со земјите кандидатки, поради барања на некои земји членки, како Франција, да се преиспита процесот на проширувањето и да биде воведена нова методологија.
На денешната онлајн средба со Вархеји учествуваа и министрите за надворешни работи и за европски прашања Бујар Османи и Никола Димитров.
Тие го поздравија Извештајот на ЕК за земјата како „објективна и сеопфатна проценка на вкупното ниво на усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ и констатираниот напредок за време на извештајниот период.“
Заев истакнал дека идентификуваните работи на кои треба повеќе да се работи, ќе бидат ставени во „агендата за реформи“, осовено во областите на судските реформи, борбата против корупцијата и организираниот криминал.