Сноуден доби дозвола за постојан престој во Русија

Едвард Сноуден зборува преку видео врска за време на прес-конференција во Њујорк. 14.09.2016.

Руските медиуми пишуваат дека американскиот свиркач Едвард Сноуден добил од владата дозвола за постојан престој.

Новинските агенции „ТАСС“ и „РИА новости“ го цитираат адвокатот на Сноуден, Анатолиј Кучерена, дека на 22 октомври изјавил оти неговиот клиент оваа година побарал тригодишно продолжување на дозволата, пред таа да истече во април 2020, но дека постапката била одложена поради пандемијата на коронавирусот.

Тој додаде дека во моментов Сноуден не размислува да поднесе барање за руски пасош .

Сноуден беше обвинет според американскиот Закон за шпионажа за откривање на 1,5 милиони тајни документи од НСА за надзор на владата, при што предизвика јавна дебата за законитоста на некои од програмите на агенцијата, за проблеми околу приватноста...

Доколку биде осуден, на Сноуден му се заканува казна од 30 години затвор.

Сноуден живее во Русија од 2013 година, откако ги откри документите.

Претседателот на САД Доналд Трамп во август рече дека размислува за помилување на Сноуден, додека свиркачот во септември го повика францускиот претседател Емануел Макрон да му одобри азил.

Сноуден во 2013 година неуспошно поднесе барање за азил во Франција и во неколку други земји.